Бугарите го обвинија Гејтс: „Коронавирусот е создаден во лабораторија, преку вакцината сака да го чипува целиот свет“

Тоа го покажале резултатите од истражувањето кое што го спровела агенцијата „Trend“.

Секој петти Бугарин смета дека пандемијата коронавирус ја предизвикал основачот на „Microsoft“ – Бил Гејтс, за да ги контролира луѓето преку чипови кои што ќе бидат вградени кај сите оние кои што ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

Истражувањето покажало дека над 2.3 милиони Бугари сметаат дека вирусот е вештачки создаден, додека пак еден милион од граѓаните сметаат дека тој не постои и дека сето ова што се случува е светска конспирација.

Инаку, Гејтс стана водечка мета на теориите на заговор за пандемијата коронавирус, а особено откако ја критикуваше одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за престанувањето на финансирање на СЗО.

Основачот на „Microsoft“ неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое што се гледа како зад прозорецот држи натпис – Им благодарам на здравствените работници.

Во наредните неколку денови неговата објава добила околу сто илјади лајкови и коментари кои што го обвинуваат за злостор против човештвото и го поврзуваат со различни теории на заговор во врска со вакцината, СЗО и вградување на микрочипови во луѓето.

Translate »