Ова е згодната Русинка за која тврдат дека ја уништила кариерата на Штрахе, а еве која е таа всушност

За неа тврдат дека е внука на рускиот олигарх која разговарала со Штрахе во вилата на Ибица.

Идентитетот на жената која ја глумела внуката на рускиот олигарх во “аферата Ибица” и натаму е мистерија, иако веќе со денови на социјалните мрежи кружи фотографија од атрактивна блондинка за која некои тврдат дека е токму таа “внука”. Жената чија фотографија се споделува всушност е руска телевизиска личност и, засега, нема докази дека на било кој начин е вмешана во целата приказна. 

Нејзиното име е Лера Кудрјавчева Макаров. На руската публика и е позната веќе години наназад, со оглед на тоа дека од 90-тите години е пред малите екрани.

Лера во својот роден Казахстан завршила уметничко училиште, по што отишла во Москва каде учела за актерка. Иако дошла до големото платно пред десетина години, првите чекори во јавниот живот ги направила како танчарка, за потоа да стане водителка во неколку погледани програми. Во актерските води запловила во 2007-ма година и до денес има снимено десетина филмови.

Како Лера станала дел од аферата која ја уништила кариерата на австрискиот вицеканцелар Ханјц-Кристијан Штрахе? Веројатно поради презимето.

Имено, Лера е мажена за рускиот хокеар кој се вика и презива исто како рускиот олигарх чија наводна внука разговарала со Штрахе во вилата на Ибица. Хокеарот Игор Макаров е трет сопруг на Лера Кудрјавчева, а парот во август минатата година ја добил ќерката Марија.

Translate »