ЕK во извештајот даде позитивна оценка за Македонија
Препораката за почетокот на преговорите овојпат е безусловна. Европската комисија во извештајот даде позитивна оценка за Македонија. Шефицата на дипломатијата Могерини очекува земјите членки на Унијата да го препознаат напредокот и земјава да добие датум за старт на преговрите.
Во извештајот високо се оценуваат македонските добрососедски политики, осоебно догворот од Преспа, како и оној со Бугарија, а преодна оценка доби и реформскиот процес.
Слабости се нотирани во делот на економијата, каде се забележува дека трансформацијата е бавна. Комисијата е загрижена и во врска со подготвеноста на јавната администрација, а се посочува дека и покрај изборот на антикорупцсиката комисија има уште многу да се работи во делот на борбата против корупцијата. Во извештајот се наведува дека земјата мора да продолжи со имплементирање на реформската стратегија во правосудството за да се врати довербата на граганите во правниот ситем на државата. Препорака за почеток на Преговорите , освен Македонија доби и АЛбанија.
- Сања Сеизова Мрмова