Македонските природни ладни чаеви Zopper во поход на регионалниот пазар
Кога креирате нешто со љубов, и сте максимално посветени успехот е неизбежен. Таква е приказната со македонскиот бренд за природни ладни чаеви Zöpper, кој и во услови на економска рецесија и светска здравствена криза успева во овој период за првпат да оствари пласман на своите производи на соседните регионални пазари. Успехот е уште поголем бидејќи оваа наша компанија во овој период го зголеми и бројот на вработени, го модернизира производниот процес и си постави јасни долгорочни развојни планови. Zöpper природните ладни чаеви се добиваат по традиционален пат, од проверени состојки, од изворска вода, во строго контролиран процес на производство. Во производите не се додаваат вештачки состојки и засладувачи, што ги прави свежината и природниот вкус да се чувствуваат со првата голтка.
Работиме во услови на голема конкуренција, не само во сегментот ладни чаеви, туку и на бројни супститути. Но имаме навистина одличен квалитет. Нашите природни ладни чаеви ги создаваме со многу внимание и грижа. Максимално сме посветени во секоја фаза од процесот на производство, од избор на природни состојки, нивно идеално комбинирање, безбедно производство, контрола во повеќе фази, за да на крај имаме квалитетен производ, кој ќе биде посакуван од потрошувачите. Оваa година (2020) успеавме да произведеме два иновативни вкусови со слоган “The Art of Drinks”. Bо нашиот план за развој е секоја година да имаме минимум два иновативни производи. Дефинитивно работиме на создавање на производи кои пред се ќе бидат одлични за моите деца, а потоа за за сите останати консументи. Се подготвуваме за нови вкусови кои навистина ќе бидат револуција во делот на пијалоци, вели еден од сопствениците на Zopper природни ладни чаеви.
Zopper за првпат на нашиот пазар лансира европски тренд Natural Iced Tea with Vitamins C,B3,B5 и B6. И Традиционалниот кралски пијалок од ружа “ROZE” исто така и традиционална Лимонада комбинирано од три врсти на Лимони (Сицилијански, Аргентиски и Лимета).
Zopper природните ладни чаеви во моментов покрај на македонскиот пазар се присутни и во Косово и Албанија, а наскоро и во Србија и Црна Гора. Компанијата има голем производен потенцијал, планови за нови вкусови, и се очекува во 2021 година да се оствари развој и дополнително проширување.