Исповед на баба свингерка: „Спиев со повеќе од 3.000 мажи, а по операцијата на колената морав да успорам“
Мари Калверт од Велика Британија има 67 години, а признала дека спиела со повеќе од 3.000 мажи. „Сексот е моја страст. Тоа е најзабавниот и најпријатен начин за поминување на времето. Некои жени сакаат јога, некои бадминтон, а јас сакам телесни задоволства“ – изјавила Мари.
Веќе долго време е омажена. Таа и сопругот Бери се запознале во раната младост кога имале по 15-тина години, а се венчале на 19 години. Таа вели дека сексот никогаш не го ставала на пиедестал туку го одвоила од љубовта. И нејзиниот сопруг има слично мислење.
„Не е природно да имате еден сексуален партнер 60 години. Животот е експеримент и доживување, а тоа е тоа што ние го правиме. Бери оди со други жени, а јас со други мажи. Не сум љубоморна затоа што знам дека ме сака. До 28 години бев само со него, имавме фантастичен секс. Еден ден тој дојде во нашиот дом со свингерски списанија кои ги земал од неговите колеги. Се пошегува дека и ние треба да го пробаме тоа, а јас му кажав да престане да биде луд. Повеќе не разговаравме за тоа“ – се присетила оваа баба.
Меѓутоа, списанието цело време ѝ било во главата.
Си замислувала колку сето тоа е забавно и возбудливо. Одлучила дека тоа сепак треба да го пробаат. Првиот пар го запознале токму преку тоа списание, тоа биле универзитетски професори во 40-тите години од животот.
„Беше петок и се сеќавам како стигнавме до нивната куќа. Бери го запре автомобилот и ме праша: „Дали сме сигурни?“ Бевме толку нервозни, но и лудо возбудени истовремено. Му кажав дека ќе се обидеме само еднаш па потоа ќе видиме што ќе правиме. Сè помина и подобро отколку што треба“ – рекла таа.
Штом влегле во нивната куќа, таа вели дека веднаш почнала да го заведува професорот. Се викал Џон. Бил софистициран, згоден маж со кој веднаш почувствувала хемија која како што поминувало времето така растела. Се бакнале во дневната соба и тогаш почнала “акцијата“ од двете страни.
„Бери замина со жената на професорот и ме погледна. На лицето му се забележуваше насмевка. Знаев дека сè ќе биде во ред, но и дека во тој момент животот целосно ни се смени. Станавме предадени свингери. Викендите ги поминувавме во состаноци со други парови. Стана многу возбудливо. На работа размислував за тоа, за тоа што сум го правела минатата вечер и почувствував треперење на телото. Некои парови, како Џон и неговата сопруга ни станаа добри пријатели дури и тогаш кога престанавме со сексот. Со некои други парови се гледавме само еднаш“ – раскажала бабата па се присетила на 14-ца “величенствени“.
„Беше тоа на свингерска забава во Манчестер. Се сеќавам само дека бев неконтролирано желна за секс. Следниот ден чувствував мала болка, но на некој убав начин, како да сум била во теретана“ – рекла бабата.
„Одлучивме да отвориме свингерски клуб во 1997-та година. За тоа имаше многу работа, но сакавме да направиме нешто за кое имаме многу страст. Клубот до денес работи добро. Во текот на работното време никогаш не се допираме, тоа е наша работа, а ние сме професионалци. Но кога клубот ќе се затвори…“
„Внимаваме на сигурноста и никогаш не сум почувствувала дека сум во опасност. Бери обично седи во истата соба или некаде во близина. Минатата година имав само тројца љувоници затоа што правев операција на коленото, но и понатаму го имам истиот сексуален нагон, само што сега сум поопуштена“ – раскажала оваа баба на двајца внуци.