Ќе има ли победник во вториот круг?

За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Ова е правилото за исполнет цензус напишан во Уставот на државата. 

Според сегашното решение во Уставот, за да биде избран претседател во првиот круг од изборите, неопходно е за него да гласаат мнозинство од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи, односно најмалку 904.066 граѓани со право на глас. По вчерашното гласање јасно е дека тоа не е исполнето. Излезноста на изборите инаку беше 41,82 отсто.

Translate »