Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Дурловски,Чавков две години затвор помалку
Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Игор Дурловски. Екс директорот на БЈБ Митко Чавков доби две години помала казна, судот му изрече 16 години затвор. На полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски кои добија по 15 години затвор, казните им се намалени за 2 години, тие се осудени на казна затвор во траење од 13 години.
Александар Николовски-Нинџа кој беше сведок на обвнителството за настаните од 27 април, казната му е намалена за една година, односно е осуден на 7 години затвор. И на Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор казната му е преиначена и треба да одлежи 11 години затвор. Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор казната му е намалена на 13 години затвор.
На обезбедувачот во Собрание, Абдуљфета Алими казната од 7 години му е намалена на 6 години. На Обвинетиот Јане Ченто, Апелација му ирече казна од 13 години, односно две години помалку од казната која ја изрече Кривичниот суд.
Игор Југ и Вилијам Михајловски исто како и Нинџа добија намалување за една година. Никола Митревски-Кољо доби една година помалку и му остануваат 14 години затвор.
На обвинетите Младен Додевски, Горанче Ангеловски и Влатко Трајковски казната им се намалува за 1 година. Додевски, Ангеловски остануваат 11 години, а Трајковски 14 години.