МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗАГИНАЛ ВО СООБРАЌАЈКА ВО ХРВАТСКА

Еден македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Според Индекс.хр, се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина.

Сисачко-мославачката полиција соопштила дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин. Во автобусот послесно се повредени 15-тина патници, од кои осуммина се пренесени во болница во Нова Градишка.

Хрватскиот автоклуб (ХАК) соопшти дека поради несреќата се вози по една коловозна лента што предизвикало формирање колона од неколку километри.

Во тек е увид на лице место.

Македонското МНР засега нема детали за несреќата.

Translate »