ОМИКРОН Е МНОГУ ОПАСЕН ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА: Инфектологот Трампуж тврди дека вирусот ќе ги загрози дури и оние кои се вакцинирани по четири месеци од втората доза
Инфектологот Андреј Трампуж, во клиниката Шарите Берлин, коментирајќи ја ситуацијата со корона вирусот и појавата на омикрон посочува дека новата варијанта која многу брзо се шири, побрзо да ги погоди сите кои не се имуни, кои не биле вакцинирани или оние кои веќе го изгубиле имунитетот, што се случува околу четири месеци по втората доза.
„Многу е опасно и за децата кои не биле вакцинирани и тие веројатно ќе ги пополнат нашите одделенија за интензивна нега сега, тоа е застрашувачкото со оваа варијанта, така што мора наскоро да ги вакцинираме и децата“, рече тој.
Зборувајќи за вакцинацијата на децата, Трампуж рече дека обезбедува целосна заштита.
„Крајот на пандемијата ќе биде кога ќе постигнеме 80 проценти вакцинација на целото население. Вакцината е направена за алфа варијанта, но сепак има добра заштита за делта, а по неколку месеци и за омикрон. Велам дека сме еден чекор назад со омикрон,а тоа значи дека треба да одиме два чекора понапред, што значи брзо да се вакцинираме“, рече тој.