Д-Р ДАНИЛОВСКИ: ГРАЃАНИТЕ СЕ ВЕЌЕ УМОРНИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА КАРАНТИН
Бројка од нови 240 позитивни делува спектакуларно, се согласувам. Но, ако се направи мала анализа, ќе се види дека процентот на позитивни од тестираните е околу 14, вели епидемиолог и професорот на скопскиот Медицински факултет, д-р Драган Даниловски во интервјуто за Телевизија 24.
Што се однесува до новите позитивни, јас очекувам ваквиот тренд во деновите што следат да се задржи, па дури бројката да стане и повисока. Вие знаете дека пред неколку денови се одржаа изборите, кои се епидемиолошки важен настан.
Сигурно ќе има последици од изборите, можеби не толку од самиот процес на гласање, колку од славењето кое се случуваше по изборите.
-Но мене нешто друго ме загрижува, а тоа се сликите и видеата кои се споделуваат изминатите два дена од некој клуб во Струмица. Па ви се молам, можно ли е да сме ние толку неодговорни. Тоа не смее да се случува, тоа е едноставно недозволиво во услови на пандемија.Ние не треба да ги санкционираме граѓаните, туку сопствениците на локалите, кафулињата, дискотеките, самопослугите. Тие се должни, доколку некој од гостите или муштериите не носи маска, да го отстранат од објектот, или воопшто да не го пуштат внатре.Градоначалниците на општините исто така да воведат редари, кои би ги контролирале местата кај што се собираат граѓани, вели професорот Даниловски.
На прашањето, дали тој би спровел повторно карантин за да се сопре бранот, Даниловски вели:
-Карантин по примерот на Дебар јас не би воведувал. Граѓаните се веќе уморни од такви мерки. Има полесен начин. Би го издвоил примерот со Американската сојузна држава Њујорк.