Жестока пресметка на руските специјални сили со терористи: Сакале да постават бомба на Крим, па веднаш биле ликвидирани

Во Ставрополскиот крај припадниците на руската Федерална служба за безбедност (FSB) ликвидирале тројца терористи кои планирале да подметнат бомба, соопштил Националниот антитерористички комитет на Русија.

Како што се наведува, припадниците на FSB дознале дека терористите во тој момент го движеле автомобилот во близина на селото Балка, после што ја извеле операцијата.

За време на обидот на припадниците на FSB да го запрат автомобилот, лицата во автомобилот отвориле оган од автоматското оружје и фрлиле рачна бомба во правец на полицијата, после што се сокриле.

Набрзо потоа дошло до размена на оган, во кој терористите биле ликвидирани. Во истрагата било утврдено дека двајцата терористи биле припадници на исламска држава, а на лице место биле пронајдени бомби, муниција и уште неколку автоматски пушки.

Медиумите додаваат дека ниеден припадник од FSB не е ранет за време на конфликтот. 

Translate »