Инцидент во автобус на ЈСП: „Ќе сечам глави и ќе ги топам во киселина, не знаш кој сум јас“
На социјалните мрежи се појави видео од инцидент во автобус на ЈСП Скопје.
Двајца мажи се однесуваат агресивно кон патниците и шоферот, при што се закануваат дека ќе сечат глави и ќе ги фрлаат во киселина.
Настанот се случил откако девојче од автобусот им се обратила на двајца мажи да ги стават маските на лицето. За возврат била нападната, со закани.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1347520931468603395&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F364720%2Fincident-vo-avtobus-na-jsp-ke-secam-glavi-i-ke-gi-topam-vo-kiselina-ne-znas-koj-sum-jas&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Во еден момент, двајцата мажи му наредуваат и на шоферот на автобусот да ја отвори вратата за да се симнат, а тој одбива бидејќи не е на автобуска станица.
Во одговор насилниците порачуваат дека тие се верници, а други неверници, дека ќе ставаат во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат патниците со кого си имаат работа.
Според изворот кој го објавил видеото на крајот го напаѓаат девојчето кое го снимило грозното видео со закани.