Мнозинството наставници и родители се за отворање на училиштата од септември
Мнозинството наставници и родители се за отворање на училиштата од септември или за комбиниран модел- настава во училница и он-лајн учење, тврди Министерството за образование по направеното истражување. Велат- над половина наставен кадар одговорил дека учениците имаат потешкотиии да научат или со учењето на делечина немале ниту можност да стапат во контакт со нив. уницеф апелира – децата да се вратат во училишните клупи оти ќе уназадат…
Повеќе од половина од наставниците и родителите поддржуваат редовна настава во училиштата додека останатите се за комбинирана, покажаа прелиминарните резултати од истражувањето. За време на он- лајн наставата во минатиот период, 77 проценти од наставниците се соочиле со потешкотии при контактот со учениците.
Истражувањето покажа дека 37 проценти од родителите изјавиле оти нивните деца мораат да делат лап топ или компјутер или имаат слаб интернет, а пет проценти дека немаат пристап до компјутерска опрема. Ресорниот министер Адеми посочи дека дел од резултатите се веќе интегрирани во плановите и политиките за оддржување на воспитно- образовниот систем во иднина.
Пандемијата предизвика катастрофални последици за образованието на цели генерации, сметаат од УНИЦЕФ, од каде ја повикаа Владата и партнерите да гарантираат дека училиштата ќе бидат меѓу првите институции што ќе се отворат по затворањето поради корона вирусот.
Властите да гарантираат дека сите деца да се на настава во училиште или да имаат достпаност до унифициран пристап кон учење на далечина или комбиниран пристап со почеток од септември.
Народниот правобранител достави мислење до министерот за образование и наука Арбер Адеми, во кое посочува дека образовните иституции не биле целосно подготвени за далечинско учење, особено на самиот почеток на кризата. Најпогодени од сево ова се учениците, особено оние во руралните средини, учениците од социјално загрозени семејства, како и учениците со попреченост.
Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, произлегува дека платформата „Едуино“ не беше системско решение кое беше општоважечко и обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик.
Омбудсманот му даде рок на министерството да му одговори во рок од 30 дена за преземените мерки.