Шест атрактивни хотелски базени што ќе ви ја разбудат желбата за патувања

Кога патувамe на егзотични дестинации вообичаено сакаме да уживаме на плажа и во природните води на морето или океанот, но светските луксузни хотели нудат и друга атракција – необични базени со живописен поглед.

Hanging Gardens of Bali

Бали

1

Ова е еден од најлуксузните бутик хотели не само на Бали туку и во светот. Како што кажува самото име, хотелот е распореден како висечка градина, а ова се однесува и на базените – неколку инфините базени поставени на различни нивоа, кои што нудат извонреден поглед на тропските шуми на Убуд.

Phum Baitang Resort

Камбоџа

2

Овој хотел лоциран во центарот на еднo камбоџанско село има изглед кој е микс на автентичен и модерен дизајн. На површина од три хектари има 20 вили кои имаат индивидуални мали базени, но најпривлечен е оној главниот кој може сите гости на ресортот да го користат и е опкружен со џунгла и оризови полиња.

The Library Hotel

Тајланд

3а

Во луксузните одморалишта вообичаено среќаваме тиркизни, смарагдни, па дури и црни базени, односно базени со плочки во овие бои. Ама можете ли за замислите црвен базен?!  Токму базен со црвени плочки има во бутик хотелот The Library на островот Кох Самуи, Тајланд.

The Residence

Малдиви

4

Некаде во Индискиот Океан, на малдивскиот остров Фалумафуши, сместен е хотелот The Residence. Опкружен со тиркизна вода, содржи многу индивидуални вили на самиот остров или вили во вид на типично островски куќи на колци, повеќето со приватни базениња, но вниманието го привлекува главниот –  инфинити базен во има „потонати кревети“ на кои што можете да се излежувате и да уживате во погледот на бескрајните водени пространства, додека нозете ви се брчаат во базенот.

Laucala Island Resort

Фиџи

5

Базен во базен?! За да уживате во ова архитектонско чудо треба да отпатувате на крајот на светот – на приватниот остров Лаукала, Фиџи, на јужниот дел на Тихи Океан. Laucala Island Resort e луксузен хотел со 25 вили, но ѕвездата е базенот, односно еден долгнавест базен кој е вклопен во друг, поширок и поплиток базен. Велат дека овој базен, заедно со оној на Бали, се најатрактивни за фотографии на Инстаграм.

Six Sences Yao Noi

Тајланд

6

Во едно од најживописните места на планетата, на еден од островите во заливот Фанг Нга, се наоѓа хотелот Six Senses. Покрај ексклузивната услуга од највисока категорија, хотелот нуди главен базен со совршен поглед на живописните варовнички форми кои излегуваат над водите на Андаманското Море.

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Translate »