ШТО СÈ ТРЕБА ДА СПАКУВАТЕ ПРЕД ДА ОДИТЕ НА ОДМОР?
Колку и да сакате да патувате, веројатно и вие, како и поголемиот број луѓе, мразите да се пакувате. Сигурно ви се случило да заборавите нешто или воопшто да не помислите дека нешто ќе ви биде потребно.
За да ги избегнете незгодите, погледнете што сè треба да спакувате пред да одите на одмор:
Најпрво направете си листа со потребни работи, поделени по категории – облека, обувки, додатоци, козметика и останати важни ситници. На овој начин ќе знаете што треба да исперете, испеглате, купите и слично.
Посебно место на листата треба да имаат и работите кои ви се случило да ги заборавите на некое претходно патување.
Кога станува збор за облека, имајте на ум дека помалку е повеќе. Најдобро е да носите облека што е едноставна, прилагодлива и повеќенаменска. Бидете практични и понесете облека со која можете да направите повеќе комбинации, со малку измени.
Доколку сте женско, сигурно не можете без козметика, особено во лето. Во вашиот несесер пред сè мора да има Еуцерин заштитна крема за сонце, шампон, купка, паста за заби, дезодоранс, минимално количество шминки и други продукти што ви се неопходни.
За да заштедите простор, купете мали пакувања од овие продукти. Не грижете се бидејќи се сосема доволно за една недела. Доколку сепак нешто ви се истроши, можете да го купите и додека сте на одмор.
Исто важна е и медицинската торба. Овде треба да се наоѓаат лекови што ќе ви се најдат додека сте во странство, а добро е да имате и некаков пробиотик. На сите им се случило стомакот да им реагира поради промената на климата, водата и новата храна.
На листата додајте и ситници на кои не би се сетиле, но сепак ви се потребни. На пример, понесете перниче за автобус доколку патувате со автобус. Маската за спиење исто може да ви биде од помош, како и стапчињата за чистење уши.
Доколку ве чека долго патување, добро би било да понесете и слушалки.
На крај, не заборавајте ги потребните документи и парите. Исто така обрнете внимание и на нешта како штекери – можеби за државата во којашто ќе одите ќе ви биде потребен друг адаптер за полнење на телефонот и секако, не заборавајте го полначот.