Садула Дураки стана вицепремиер

Mинистерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки на денешната седница е назначен за заменик на претседателот на Владата, Зоран Заев, односно за вицепремиер.

Дураки, со последната реконструкција на владата, од Министерството за животна средина и просторно планирање беше префрлен во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во оставката што ја поднесе , напиша дека додека ја извршувал функцијата во Министерството за животна средина се соочил со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. 

Според Дураки, некои проекти спроведени за време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина но, за жал, „во некои области од животната средина сѐ уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“.

Неговото име се споменуваше во групата на оние за кои се шпекулираше дека ќе бидат сменети со „Метлата“ на Заев, поради лошите перформанси во заштитата на животната средина, но и поради неговата изјава дека „не се бави со граѓаните“.

Translate »