Туристичката сезона во Хрватска не започна добро, пишува
“Јутарњи лист”, пренесувајќи податоци од системот eVisitor, кои
покажуваат дека во првите 12 дена од јули, во споредба со истиот период
минатата година, бројот на ноќевања се намалил за речиси 5%, додека
пристигнувањата на туристите опаднале за 6 , 2 проценти.
Сепак,
кога ќе го земеме предвид вкупниот промет оваа година, односно
пристигнувањата и ноќевањата од 1 јануари до 12 јули, годинава, Хрватска
се’ уште е во плус, иако е “тенко”, според хрватскиот дневен весник.
Поради недостаток на работници хрватската Влада го „појача“ туризмот со сезонци од странство
Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување
работници од странство по апел на работодавачите во областа на
угостителството.
Одобрени се 3.000 нови
дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на
летната сезона и уште 1.000 во градежништво.
Доколку тоа не е
доволно, ќе бидат издадени дополнителни 2.000 дозволи, кои ќе бидат
издадени по потреба, по 1.000 во двата сектора.
Туристичките работници
од Хрватска неодамна ја повикаа Владата да одобри 5.000 работни дозволи
за сезонските работници од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора
што е можно поскоро, бидејќи во спротивно сезоната на Јадранското Море
ќе биде целосно уништена.
Во Хрватска има се помал број готвачи, келнери, но и туристички работници.
Сезонските келнери може
да заработат повеќе од 1.000 евра месечно, со обезбедено сместување, а
платите на готвачите се движат од 1.500 евра, па нагоре.