Докторите на Пулмологија славеа слава со поп, погача и свеќи

Докторите од Клиниката за пулмологија го прославија вчера христијанскиот празник Свети Никола. На софрата во амфитеатарот имало погачи, кифли и посни јадења, кои вообичаено се приготвуваат за овој празник.

Докторите во бели мантили во присуство на поп се помолија за успех и здравје. Во првиот ред е директорот на Клиниката д-р Дејан Доиќ.

Овој верски празник бил прогласен за слава на Клиниката за пулмологија.

Translate »