Најново – во Италија последниве 24 часа починале 368 луѓе од коронавирус

Италија за 24 часа забележа 368 смртни случаи што е рекорден број на починати од коронавирус од појавата на епидемијата во земјата.

Исто така, заклучно со вчерашниот ден, се евидентирани 3.590 нови случаи.

Во Италија во моментот се заразени вкупно 20.603 лица. Вкупниот број на заразени, вклучувајќи и закрепнети и починати е 27.747. Вкупниот број на починати е 1.809 лица.

извор: Makfax

Translate »