Папата Франциск пешки по празните улици во Рим до чудотворната црква , што го спасила градот од чума (ФОТО)

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, денеска тргна пешки до две  цркви во Рим, барајќи од Бога да го спаси народот од заразата со коронавирус.

„Караванот“ составен од возилото  на папата и полициско придружно возило, но без никакви протоколни знаци , возеа покрај Папата , кој пешки прво замина во омилената либеријанска базилика на Санта Марија Маџоре каде како и обично, се помоли  пред иконата на Богородица наречена „Salus populi Romani“ (Спасение на римскиот народ). Римокатолиците веруваат дека таа го спасила Рим од бомбардирањето во Втората светска војна.

Потоа стигнал до улицата Дел Корсо во најстрогиот центар и продолжил пеш, како аџија, до црквата Свети Марсело, каде се молел пред распетието, за кое католиците веруваат дека чудесно ја запрело чумата од 1600 година.

Translate »