Катица Јанева користи одмор
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, користи годишен одмор, потврдуваат од СЈО за Плусинфо.
Дента кога се отвори истрагата „Рекет“ и беше приведен Боки 13, Јанева си поднесе одложена оставка, но со образложение дека не сака да биде алиби во преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство. Потоа, осум дена таа се „изгуби“ и користеше боледување, по што се врати на работа и во изјава за медиумите негираше нејзина вмешаност и соработка со осомничениот Јовановски, посочувајќи дека не само тој туку и други лица го злоупотребувале нејзиното име.