(ВИДЕО) Девојче (5) четири дена преживеа во планина полна со мечки, еве како е пронајдено…
Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминала четири дена изгубена во шумата. Зарина Авгоњина исчезнала во руската тајга кога тргнала по баба ѝ, која заминала да собира печурки.
Спасувачите стравувале дека Зарина би можела лесно да се удави бидејќи во регионот имало стрмни предели и длабоки реки. Иако трагачките кучиња не можеле да ѝ влезат во траг, спасувачите ги забележале нејзините траги во земјата. На едно место тие биле испреплетени со траги од мечка, па сите се загрижиле да не можеби мечката го нападне девојчето.
На помош биле повикани вооружени ловџии и неколку жени, бидејќи Зарина, како што се дознало, се плашела и се срамела од мажите.
Четвртата вечер од потрагата, спасувачите успеале да влезат во траг на девојчето и набрзо ја здогледале во еден куп од гранки. Зарина биле исцрпена и дехидрирана, па веднаш ја изела храната што ѝ ја носеле. Пронајдена е на околу еден километар од нејзиното село, а од шумата со хеликоптер е пренесена во болница.