13 мигранти повредени во сообраќајка на автопатот Демир Капија-Неготино
Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино, пренесени се на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра, појаснуваат од болницата.Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години. Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило ,,сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.