Ване Цветанов: Камчев не е достапен за органите за прогон во државата, ОЈО под итно да го замрзне целиот имот на Камчеви
Орце (Јордан) Камчев не е достапен на органите за прогон во државата. Дел од капиталот на Орце сеуште е во државата. Предлог решение: Во оваа лимбо ситуација, ОЈО под итно да побара надлежност за случајот Империја, но и под итно да го замрзне целиот имот на Камчеви.
Ако избегал Орце, дел од имотот му е тука. Доста Јавното Обвинителство правеше будали од нас граѓаните и ни ја потценуваше интелегенцијата.
За да се надмине оваа сценирана криза, потребно се следниве чекори:
ПРЕДЛОГ ЧЕКОРИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА. Прво. Судски Совет да свика итна седница и да ја разгледа точката со предлог за разрешување на Претседателот на Врховен Суд – Јово Вангеловски, за да се превенира ВЕТО на превземањето на надлежност на Империја од страна на ОЈО од СЈО. Второ. ОЈО итно да побара да воспостави надлежност. Трето. Блокада на целиот имот и пронаоѓање на сите помагачи на Орце Камчев во оваа гнасна игра.
Сите други оправдувања, изговори и адвокатско/заштитнички изговори за оградување од случајот СЕ ПОМАГАЊЕ НА КАМЧЕВ ВО КРИМИНАЛНАТА ОПЕРАЦИЈА, ОД СТРАНА НА ОБВИНИТЕЛСКО-СУДСКАТА ВЛАСТ.
Еден ден ќе се бара ОДГОВОРНОСТ за сите Судии и Обвинители кои требало да постапат, а глумеле паднати од Марс.
Едноставно е, само да се има желба.
ФБ статус на Ване Цветанов