Никола Димитров: Реков да се преброиме – Време е
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија преку фејсбук статус на својата страница се огласи за последните случувања окулу случајот Pekeт.
Тој побара од порталот Република да ги повлечат вестите за него и евентуална негова вмешаност во случајот Pekeт, како и да му се извинат.
Во спротивно, доколку не се случи тоа од Република, министерот Димитров најави и тужба за порталот.
Министерот Димитров напиша и за тоа дека влегол во политиката за да се тргни срамот од kpиминалот и kopупцијата.
Тој својот фејсбук статус го завршува со зборовите:
Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е. – напиша Димитров на својата фејсбук страница.