СДСМ: 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирањето
Исправиме децениска неправда, 12.000 стечајци добиваат по 8.200 денари до пензионирањето, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утрово преку соопштение.
Владејачката партија нагласува дека преку конкретни и вистински мерки и реформи покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.
„Времето на поделби, дискриминации и маргинализирање на граѓани заврши со заминувањео на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Решен е деценискиот проблем со стечајците. 12.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање. Исправена е долгогодишната неправда кон наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја , останале без работа и без месечни примања. Градиме општество кое нуди фер и еднакви можности за сите. На прав пат сме, се грижиме за сите, затоа што секој е важен“, нагласи СДСМ во соопштението.