Тешка сообраќајка на патот Дебар-М.Анови, еден загинат

loading...

Едно лице загина, а двајца се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, во близина на Скудрински мост.

Во сообраќајката учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил „хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.

Translate »