Прочистување на организмот со грозје
Зошто е добро за нашиот организам во тек на неколку дена да се консумира само грозје?
Оваа терапија треба да трае најмалку три дена, а најмногу две недели. За време на терапијата се јаде само грозје, и тоа од еден до 2,5 килограми дневно- за појадок, ручек и вечера. Може да се јаде и бело и црно грозје, иако црното е побогато со флавоноиди. Можете да го консумирате во сите форми: да ги исцедите зрната, да ги миксате или да ги јадете како овошна салата , со семки или без нив. Ако не можете да издржите без друга храnа, тогаш јадете грозје меѓу оброците.
Внимавајте!
- По неколку дена, оваа терапија може да почне да делува лаксативно. Доколку се продолжи со терапијата повеќе од една недела, понекогаш може да се добие и затвор. Во случај на опстипација, јадете го грозјето без лушпа.
- Терапијата не се применува за време на бременоста и доењето, но и доколку земате антикоагулантни лекови.
- Оваа терапија мора да се избегнува и во случај на голема исцрпеност или болест.