Масовниот убиец од Лас Вегас бил мултимилионер

Масовниот убиец од Лас вегас бил мултимилионер. Парите ги заработил со продавање на недвижности. Долги години работел како сметководител, раскажува неговиот брат.  Стивен Педок трошел големи суми на пари во казината, каде спиел и се хранел бесплатно, како постојан гостин.

“Одеше на крстосувања и се коцкаше, таков беше неговиот живот,” , изјавил брат му пред медиумите. Тој тврди дека  Стивен никогаш не покажувал знаци дека може да биде насилен, иако поседувал оружје. Никогаш не го интересирале политиката и религијата, тврди братот. Двајцата браќа не контактирале подолго време.

Нивниот татко бил ограбувач на банки и бил на листата на ФБИ на најбарани криминалци, а лежел и неколку години затвор.

 

 

64 годишниот Стивен Педок немал полициско досие. Живеел сам, бил  разведени и без семејство, а неговата поранешна девојка е лоцирана во Токио. Американските власти ја исклучија можноста дека е поврзан со Исламската Држава. Се работи за феноменот на “осамен волк”, посочуваат безбедносните експерти.

 

 

 

Translate »