Дури 27 отсто од жените и 21 отсто од мажите изјавиле дека самозадоволувањето им е многу попријатно од секс

За некои жени сè уште е табу тема, но мастурбацијата ја обожуваат и мажите и жените.

Истражувањето кое е спроведено на 10.000 мажи и жени, од страна на компанијата за производство на играчки за возрасни, „Tenga“, покажало дека дури една четвртина од нив повеќе сакаат соло игри отколку сексуални односи.

Дури 27 отсто од жените и 21 отсто од мажите изјавиле дека самозадоволувањето им е многу попријатно од секс и дека повеќе уживаат сами отколку со партнерот или партнерката.

Многумина се изненадиле од резултатите и се поставува прашањето зошто е тоа така.

Проблемот е во сексуалната анксиозност која ја чувствуваат голем број на мажи и жени.

Тие стравуваат дека ќе се покажат лошо во кревет и чувствуваат притисок, бидејќи мислат дека сексот треба да се „прави“ на ваков или онаков начин. Затоа повеќе сакаат да бидат сами со себе.

93 отсто од мажите и 88 отсто од жените признаваат дека редовно мастурбираат, но голем број жени ги кријат соло игрите од своите партнери.

Translate »