Срцето на Брет Пит го освои принцезата од Монако

Актерот Бред Пит кој неодамна се разведе од актерката Анџелина Џоли бил забележан со принцезата од Монако, Шарлот Казираги во еден музеј во Лос Анџелес. Оваа нивна јавна средба беше причина да почнат озборувањата дека тие се најубавиот пар во историјата на шоубизнисот.

Австралискиот магазин „Њу ајдиа“ објави дека Бред и Шарлот се во романтична врска, наведувајќи дека еден посетител на музејот изјавил дека актерот делувал сосема опуштено и внесен во разговорот со неа.

Бред веднаш ја демантираше оваа шпекулација, велејќи дека наводите се неточни, но времето ќе покаже кој ја зборува вистината.

Неговиот живот откако се разведе од Анџелина е под лупа на јавноста, па честопати го поврзуваа со различни актерки.

Инаку, Шарлот е внука на Грејс Кели.

sarlot

Translate »