ЕКСТРЕМИСТИ ОД МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО МЕЛБУРН ЗАПАЛИЈА ГРЧКО И БУГАРСКО ЗНАМЕ И МАКЕТИ ОД ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА
Група македонски иселеници утрово се собраа пред македонскиот конзулат во Мелбурн каде запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска, извикувајќи навреди за актуелната власт.
Тие носеа знамиња со сонцето од Вергина, и го симнаа македонското знаме од јарболот пред македонскиот конзулат и закачија знаме со сонцето од вергина, а потоа извикуваа навредливи зборови за актуелната власт за името, изразувајќи отворено несогласување со името Северна Македонија. Групата беше незначителна и очигледно мотивирана да предизвика инцидент за време на државниот празник на независноста на Македонија.