Започнете ја есента полни со енергија. Време е за детоксикација!

Живееме во токсично време. Од храната што ја јадеме до воздухот што го дишеме, отровите постојано го демнат нашето здравје и ја нарушуваат неговата кревка хармонија. Природните регулатори на организмот работат забавено и тешко, па телото ни сигнализира недостаток на енергија со малаксаност, главоболки, слаба меморија, а понекогаш и со промени на кожата.

Нашето тело има развиено природен начин на детоксикација преку работата на бубрезите, црниот дроб и потењето, но за жал токсините не се излачуваат во доволна количина поради прекумерното внесување на храна, недостатокот на физичка активност или поради намалена функција на овие органи што доаѓа со возраста.

Меѓутоа, сеуште не е крајот на светот, сеуште има решенија што можеме да ги преземеме индивидуално за да ја овозможиме добросостојбата на сопственото тело. Првиот чекор е детоксикацијата, односно чистењето на телото од отрови. Постојат низа активности кои ја помагаат работата на лимфниот систем во човековиот организам и овозможуваат поефективна дренажа на токсините. Покрај тоа, ако се практикуваат редовно, тие овозможуваат преку прочистувањето да се врати природниот баланс на цревниот микро-биом, кој одредени научници веќе некое време го нарекуваат човековиот „втор мозок”.

Ова се некои од нештата кои можете да ги сторите веднаш, за да ја започнете оваа есен со енергија и елан!

Пијте многу вода

Тоа е најбрзиот, најлесниот и потполно бесплатен начин за чистење на вашето тело. Водата, особено веднаш по будењето е одличен начин да го зголемите нивото на енергија. Едноставно пијте вода и ќе забележите дека веднаш се чувствувате подобро. Исто така започнувајте го секој ден со чаша млака вода и исцеден лимон.

Заменете го кафето со чај

Можеби ви звучи како научна фантастика, но обидете се барем на неколку дена да го замените кафето со чај. Тој може да се консумира во поголеми количини, и доколку изберете органски, може да биде рај за вашите бубрези. 

Зелениот чај е препознатлив по неговата голема содржина на антиоксиданти кои го чистат секој орган во нашето тело од токсини. Исто така чајот од коприва ја чисти крвта, го зголемува апетитот за здрави грицки и ја зголемува енергијата.

Јадете мусли наместо кроасан со чоколадо

Сите знаеме дека одредена доза на енергија која ја добиваме од шеќерите ни е потребна во нашата секојдневна исхрана. Тоа ни дава сила за извршување на работните активности и ја задоволува потребата од слатки задоволства. Муслите имаат поголема енергетска вредност, повеќе протеини, а многу помалку шеќери. Виталиа ни нуди мусли кои го снабдуваат организмот со неопходните јаглехидрати и ни даваат енергија за активен ден.

Одете во сауна

Еден од најстарите методи на детоксикација е сауната. Таа помага во чистење и подмладување на кожата, намалување на стресот, ги уништува патогените клетки во организмот, ја подобрува еластичноста на артериите, го намалува високиот крвен притисок, помага кај срцевите и кожните заболувања. Преку зголеменото потење се ослободувате од токсините во телото. Сауната исто така може да се комбинира со базен, за да ја подобрите циркулацијата.

Не заборавајте на физичката активност, и секако здраво Смути со себе!

Не морате да тргнете во теретана или да трчате додека ве држат нозе за да бидете во топ форма. За почеток, доволно е само малку да се раздвижите со едноставно шетање, и како што ќе ја подобрувате својата кондиција, така и да го зголемувате интензитетот на вежбањето. Кога брзате и немате доволно време правиот избор е Smoothie to go Detox од Виталиа. Производот е без додаден шеќер, без глутен и е вегански. Сите состојки се фино мелени, така што тие лесно може да се мешаат со вода, млеко или јогурт, се промешуваат и се подготвени за конзумација.

Сепак, она што е најважно после секоја детоксикација е да се продолжи со умерена и хранливо богата храна. Внесувањето зеленчук секој ден, умерено конзумирање алкохол, избегнување цигари и подготовка на храна во вашиот дом е нешто што треба да го правите цел живот. Детоксикацијата е привремено освежување, а правилната исхрана е начин на живот.

Translate »