Владата им понуди на просветарите 10% повисока плата – Тие треба да се изјаснат дали ќе прифатат!
Зголемување на платата на просветарите, но од април следната година.
Вработените во образованието науката и културата добија понуда на маса
од догодина да имаат за 10% поголема плата. Понудата е од Владата, а е
резултат на преговорите на владини претставници со Синдикатот за
образование, наука и култура (СОНК). На средбата присуствуваа министерот
за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на СОНК, Јаким
Неделков, но и премиерот Зоран Заев.
Според информациите, предлогот денеска ќе биде разгледан и на седница на Владата. За него пак, СОНК ќе го запознае членството и дополнително ќе се изјасни дали ќе прифатат или не.
Средбата следуваше по изразеното незадоволство на СОНК од платите на просветарите кои не беа задоволни од покачувањето на платата од пет проценти што беше во септември. На првиот училишен ден одржаа предупредувачки штрајк.