МОЛЧЕТЕ, ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ГУБЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА УБАВИТЕ НЕШТА
Ако во животот ви се случува нешто ново, јасно е дека сакате да го споделите тоа со сите околу вас, но обидете се извесен период на никој да не кажете. Тоа е најдобар начин да ја задржите силата и енергијата, за да го истерате нештото до крај.
Ако другите ви зборуваат за своите емоции, сослушајте, но не ги вклучувајте и своите емоции во тоа. Контролирајте ја ситуацијата. Научете да замолчите навреме, бидејќи и вашите мисли и чувства влијаат врз вашиот живот. Дури и кога не кажувате ништо, вашата потсвест јасно ве слуша.
Не ја потценувајте моќта на мислата, дури и кога не изговарате ниту збор. Кога ги изложуваме своите емоции пред другите, стануваме чувствителни на нив. Запомнете и дека убавите мисли ве исцелуваат на клеточно ниво, а негативните можат да ве уништат – и психички и физички.
Кога се менувате физички, гледајте на тоа како позитивна промена, како подготовка за нешто подобро. Старите не рекле без причина дека можеме да се „подречеме“ ако си „зборуваме пред рака“, односно да навлечеме на себе негативна кармичка енергија, кога прогнозираме нешта за кои ни самите не сме сигурни како ќе се одвиваат.
Решението за ова е да направите заштитен меур околу себе составен од позитивни мисли, љубов и добрина и на тој начин да се самозаштитите. Не е лесно, но обидете се, по некое време ќе ви влезе во пракса и веднаш ќе забележите дека се чувствувате подобро од претходно.