Трамп сосема искрено: Ако ми се случи некоја трагедија, знам дека Меланија нема да плаче

Американскиот претседател на републиканскиот конгрес во вторникот на бизарен начин се осврна на инцидентот кога беше ранет конгресменот Стив Скалис.

Имено, Скалис беше ранет во 2017-та година откако во него пукаше психичко билен маж.

„Неговата жена плачеше како да врне дожд кога се случи тоа. Ја сретнав во болницата и многу плачеше. Многу жени не би реагирале така доколку им се случи слична трагедија. Знам дека мојата сопруга тоа не би го направила“, изјави Трамп, пренесува “People”.

Портпаролката на Белата куќа се уште се нема огласено со коментар за изјавата на претседателот која се однесува на првата дама Меланија Трамп.

Да потсетиме, Меланија Трамп во едно неодамнешно интервју порача дека не се грижи премногу за трачевите за нејзиниот брак, посебно за тие во кои се споменува прељуба.

„Секако, не е секогаш пријатно, но знам што е исправно, а што погрешно. Знам да ја разликувам вистината од лагата“, изјави Меланија Трамп.

Инаку, во текот на претседателската кампања во 2016-та година изјави: „Мојот сопруг и јас имаме одличен однос. Не сакам да го менувам, ниту пак тој мене. Мислам дека тоа е многу важно“.

Translate »