Се појави снимката на која Макрон и Трудо го озборуваат Трамп (ВИДЕО)

На интернет се појавила снимка на која се слуша како светските лидери, вклучувајќи ги премиерите на Велика Британија и Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо, и претседателот на Франција Емануел Макрон, го озборуваат американскиот претседател Доналд Трамп на отворањето на НАТО самитот во Лондон.

Џонсон го прашал Макрон „Затоа доцнеше?”, пред да се вклучи и Трудо.

„Доцнеше бидејќи водеше 40-минутна прес конференција”, рекол Трудо, алудирајќи на состанокот Макрон-Трамп на почетокот на денот.

Премиерот на Канада потоа направил уште една смешна забелешка по повод прес конференцијата.

„Гледавте како членовите на неговиот (мислејќи на Трамп) тим останаа без текст”, рекол Трудо.

Translate »