Лук – моќен антибиотик и антиоксиданс

Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, па така го штити вашиот желудник од инфекции и разни болести.

Но, лукот треба да се консумира пред да почнете да јадете за да се одбегне мешањето на било што друго во желудникот со неговите хранливи материи. 

Здравствените придобивки од лукот се многубројни. За сите оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок, ова е најлесниот и најсигурниот начин како да го одржувате истиот под контрола. Најдобро од сè е што е доволно да го консумирате само еднаш на ден и нема никакви нус појави како што е случај со разни лекови.

Воспаленијата од било кој вид можат да се спречат, но и излекуваат со лук. Оние кои патат од артритис можат да имаат неизмерна корист од лукот. Консумирањето лук на празен стомак не само што ќе ви помогне во борбата против симптомите на артритис, туку и против болките поврзани со него.

Оваа чудесна билка ве чува подалеку од габичните инфекции, брадавиците, бактериите и сите други бактериски инфекции. Во случај да сте веќе жртва на некои од овие инфекции, консумирајте лук еднаш дневно и ќе се чувствувате многу подобро за неколку дена.

Слабиот имунолошки систем денес е вообичаена појава. Ослабнувањето на имунитетот често доведува до настинки, грип, носни алергии и посериозни заболувања. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити.

Лукот ви дава сила. Едно чешне лук има 12 милиграми калиум, 5 милиграми калциум и 100 сулфурни соединенија.

Лукот е многу корисен и за белите дробови бидејќи помага во превенција и третман на респираторните органи. Тој може да спречи пневмонија, бронхитис, кашлица и многу повеќе.

Translate »