Научниците докажаа – овој зачин е толку моќен што ги уништува клетките на рак
Иако веќе е добро познато дека куркуминот има силно антивоспалително и антиоксидантно дејство, научниците сега докажаа дека оваа моќна состојба може да спречи развој на одредени видови карцином, вклучувајќи рак на дојка, рак на бели дробови и рак на желудник.
Исто така докажано е дека куркумата успешно се бори со леукемија, рак на панкреас, црева, коскена срж и простата.
Научниците од универзитетот Темпл во Филаделфија прегледале речиси 5.000 академски трудови во кои експертите го користеле ова соединение за лекување на рак, во дамнешната 1924 година.
Со тоа, истражувачите пронашле дека куркуминот “е способен за борба против ракот” и може да се користи во вид на лек, самостојно или во комбинација со други лекови.
Куркуминот го освои вниманието на научниците ширум светот поради своите биолошки активности (антиоксидативно, антимикробно и антивирално дејство), а најмногу внимание било посветено на неговото значење во борбата со канцерот. Неговото дејство ќе продолжи да се истражува, велат научниците за магазинот “Nutrients”.
Куркуминот делува така што ги спречува хранливите материи да дојдат до туморот и не дозволува клетките на рак да емитираат штетни протеини. Меѓутоа, важно е да се знае дека куркумата може да предизвика и низа непријатни нуспојави како што се главоболка, повраќање и дијареа.
Човечкото тело не е во состојба добро да го апсорбира куркуминот, а некои испитувања покажуваат дека во крвотокот се појавуваат многу ниски концентрации на оваа состојка.
Дали куркуминот може да биде третман за лекување од рак?
Куркумата е зачин кој се одгледува во многу азиски земји, а бројни истражувања докажале дека стапката на одредени видови карцином е пониска во земјите во кои жителите консумираат поголема количина на куркумин.
“Важно е да се има на ум дека куркумата која ја користиме при готвењето е многу безбедна. Но, не знаеме колку е безбеден куркуминот кога се користи за медицински цели. Со замената на стандардната терапија за лекување од рак со третман кој се базира на употреба на куркума може да се наруши здравјето на пациентот. Многу интернет страници ја промовираат куркумата како лек против рак, но ниту една угледна научна организација против рак не ги поддржува ваквите теории”, истакнува порталот “Cancer Research UK”, официјалниот британски сајт посветен на лекување од карцином.