Вонреден состанок на СЗО! Корона вирусот се појави во Финска и на Филипините

Одборот за вонредни состојби на Светската здравствена организација денеска свика вонреден состанок откако доби информација дека позитивни случаи на смртоносниот корона вирус се регистрирани во Финска и на Филипините.

Today, the Department of Health announced the first confirmed case of the 2019 novel #coronavirus in the Philippines. The patient is 38 years old from China. 3,307 9:01 AM – Jan 30, 2020Twitter Ads info and privacy 3,413 people are talking about this

Како што се наведува во соопштението од СЗО, Одборот ќе го  советува првиот човек на организацијата дали епидемијата претставува вонредна здравствена закана на меѓународно ниво и кои дополнителни мерки би требало да се преземат.

Досега од последиците на корона вирусот починаа 170 лица, а заразени се околу 8.000. Во Финска и на Филипините забележени се првите случаи на заболени. Во Финска станува збор за 32 годишна жена од Кина, која минатата недела го напуштила кинескиот град Вухан, каде што за првпат се појави болеста. Жената е веќе сместена во болницата во градот Рованиеми.

На Филипините пациент е 38 годишна Кинезинка која исто така допатувала од градот Вухан

Translate »