3 Растенија кои можете да ги одгледувате на сенковити позиции во домот
Ако не живеете во стан со прозорци од подот до таванот или стаклена градина ,голема е веројатноста дека ќе имате темни позиции во вашиот дом.
Иако можеби се чини дека овие места не се погодни за растение, всушност постојат многу вариетети што ја сакаат сенката.
Градинарскиот центар ФОЈА Ве информира кои растенијата успеваат и во сенковити позиции!
1. Chlorophutym cosmum
Растение кое е среќно каде и да го поставите.. Сонце или сенка навистина не претставува проблем за овој вид.
Едно од наједноставните видови за одгледување.
Потребно е полевање 1-2 неделно , но и доколку се случи да го заборавите, не прави никакви проблеми .
И поставено во потемни позиции исто така одлично го прочистува воздухот… Каков херој!
2.Spathiphyllum
Овој вид е претставник на елеганцијата.
Исто така може да се одгледува и во потемни позиции без никаков проблем.
Компактноста и густината на растението и неговите прекрасни бели цветови го прави впечатлив и воодушевувачки.
Исто така е еден од прекрасните природни прочистувачи на воздухот.
Грижата за овој вид е едноставна: Полевајте еднаш неделно и повремено прихранувајте и уживајте во грандиозноста и елеганцијата.
Dracaena ‘Janet Craig’