Најважна е посветеноста и љубовта спрема својата професија!

Разговор со Катерина Петковска и Елена Питропова – сопственички на фризерскиот салон КА-ЕЛ, во општина Кисела Вода

Довербата кај клиентите се стекнува со правилно третирање на косата, но важно е и со какви козметички препарати се работи.  Сопственичките на фризерскиот салон КА-ЕЛ велат дека довербата тешко се стекнува, потребно е да вложите многу енергија, труд и знаење и искуство, да развиете посебен индивидуален однос со секој клиент, за да после некое време да можете да констатирате дека имате изграден и стабилен однос.

Нашите почетоци се пред повеќе од шеснаесет години кога почнавме како млади фризерки, а веќе осум години имаме заеднички бизнис.

Искуството во фризерството  е многу важно, подеднакво како и континуираната едукација, посетувањето на едукативни семинари и работилници во странство, следење на видео туториали на интернет итн.

Секако најважна е посветеноста и љубовта спрема својата професија желбата да се научи нешто ново, да се подобриш, и на крај на имаш задоволни клиенти со кои соработуваш на долг рок. Клиентите за нас се многу важни! Секој од нив има своја приказна, специфична коса, различни очекувања и перцепции за убавината и негата на косата. Не радува што имаат доверба во нас, што ни ја препуштаат негата, и ни веруваат со години.

Негувана, убава и сјајна коса е сон на секоја жена. Тоа влијае на нивната самодоверба, го дефинира нивниот карактер, а ние сме тука само да им помогнеме тоа да се истакне.

Грижата за косата подразбира редовно одржување, нега со соодветни препарати прилагодени на типот на косата. Ние во нашиот салон ја користиме професионалната линија за коса  IMEL Profesional: бланшот со care plex, третманот Кератин Инфусион, третманот  со Макадамија,  кои навистина  нудат навистина видни ефекти и овозможуваат жените да имаат негувана здрава и сјајна коса .

Би ги советувале жените да не се фарбаат и третираат по домашни услови туку да си ги посетат своите фризери–салоните за убавина, да си овозможат врвна нега и да се препуштат на професионалци.

Translate »