Бројката на заболeни од корона вирус стаса до 201 лице, двајца пациенти излекувани

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на корона вирус во земјата, со што бројот на заболените вкупно изнесува 201 лице, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените се од Скопје – 15, а потоа следат Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (123)

– Дебар (43) од кои 2 починати

– Куманово (15) од кои 1 починат

– Штип (8)

– Велес (3)

– Охрид (3)

– Кавадарци (2)

– Прилеп (2)

– Гостивар (1)

– Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување.

Со ова во Македонија досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Translate »