На кои места во Скопје не се почитувал полицискиот час
Забраната за движење за време на викенди по 16 часот не ја почитувале вкупно 112 лица на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Оваа мерка на територија на цела држава ја прекршиле 236 лица од кои речиси половина се во главниот град.
Според податоците до кои дојде Курир, од прекршителите на забраната за движење во Скопје 111 лица се на возраст од 18 до 67 години. Во изминатите 24 часа регистрирано е само едно лице над 67 години кое ја прекршило мерката.
На подрачјето на полициската станица Гази Баба, според информации на Курир, регистрирани се најголем број прекршувања на оваа мерка, вкупно 39.
Следуваат Центар со 13, Бит Пазар и Ѓорче Петров со 11 прекршувања. Девет непочитувања на забраната за движење се евидентирани во Кисела Вода, по седум во Чаир и Шуто Оризари.
На подрачјата кои ги опфаќаат останатите полициски станици се регистирани помал број на прекршувања на мерката.