Банките ќе наплаќаат камата за одложување на ратите за кредитите
Треба да водиме сметка посебно кога станува збор за банкарскиот систем во државата, рече премиерот Оливер Спасовски за Топ Тема.
-Дека е во добра кондиција е во добра кондиција, дека треба да направиме се за да го одржиме во добра кондиција е исто многу важно. Затоа ги носиме одлуките вака, затоа секојдневните консултации со народна банка и банкарскиот сектор решивме да се помогне на овој начин, да секоја од банките изврши одложување на плаќањето од 3 до 6 месеци. Точно е дека во овој момент нема предвидено да нема камата или да не се стопира каматата, но сепак треба да имаме во предвид дека треба да се одржува ликвидноста. За една држава е многу важно да има ликвиден банкарски систем – рече Спасовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски веднаш реагираа дека Спасовски со ова признал дека граѓаните ќе треба да плаќаат дополнителни камати за одложување на кредитите.
„Владата не ги помага бизнисите за март, нема помош ниту за угостителството, ниту другите дејности кои заради општата забрана не можеле да работат. Компаниите кои ќе успеат некако да не пропаднат и да покажат макар и денар добивка ќе треба средствата кои ги добиле како помош да ги вратат почнувајќи од април 2021 година. Власта не ги прифаќа мерките за заживување на економијата и удира по бизнисот. Потребно е покривање на платите на работниците од страна на државата во висина од 50 отсто“, соопштија од ДПМНЕ.