Карантинот за наши државјани кои се враќаат од странство се продолжува на 21 ден
Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик се продолжува и место 14 дена ќе изнесува 21 ден, одлучи Владата.
„На државјанин на Република Северна Македонија, кој влегува на граничните премини во нашата држава по 13 април, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус КОВИД-19, согласно листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во Северна Македонија“, соопшти Владата.
На денешната седница беше донесена и одлука во државен карантин да се сместуваат и наши државјани вратени од странство со конвои по копнен пат, а не само оние кои се враќаат со хуманитарни летови како што беше досега.