Во Њујорк 100 тела на починати од корона најдени „замирисани“ во камиони без ладење

Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони фургони без ладење по повици дека од камионите се шири силна смрдеа, јави снноќа Еј-би-си.

Според извештаите, во секој од фургоните паркирани недалеку од погребален дом во Бруклин, имало по 50 тела.

Според властите, фургони без ладење не се соодветен начин за чување на тела, бидејќи градот Њујорк има набавено камиони ладилници каде можат да се чуваат телата, бидејќи капацитетот на погребални домови, мртовечниците и болниците е надминат, се додека не се извршат потребните процедури за погреб на починатите.

Властите веднаш испратиле ладилници за соодветно чување на човечки останки.

Одделот за здравство на Њујорк врши истрага за случајот и се очекува да биде поднесена пријава за неправилно однесување со човечки останки. Сопственикот на погребалниот дом изјави дека неговиот ладилник се расипал.

Њујоршката полиција пак забрани пристап до местото поради ризик од инфекции.

Translate »