Видео: Песочна бура го „проголта“ главниот град на Нигер
Песочна бура го зафати Нијамеј, главниот град на Нигер и го „обои“ во црвена боја.
Црвениот облак го „проголта“ градот и го претвори денот во ноќ. Не е предизвикана никаква штета, ниту има повредени, иако ваквите бури предизвикуваат здравствени проблеми како бактериски менингитис, на пример.
Ветровите пренесуваат честички и бактерии кои навлегуваат во респираторниот систем така што бурите може да имаат улога во ширењето болести.
Во Сахара вообичаени се топлите ветрови кои креваат облаци прашина, особено во западниот дел на Африка во текот на сушната сезона, пишува Russia Today.