Цената на храната паѓа на светските пазари!
Храната глобално поевтинува.
Цената на храната паѓа на светските пазари.
Месото, млекото, шеќерот, маслото сега имаат пониски цени.
Трет месец по ред во април има намалување, бидејќи економското и логистичкото влијание на пандемијата со коронавирусот резултираше со значително намалување на побарувачката за многу производи.
Веста ја соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Цените на млечните производи паднаа за 3,6 проценти минатиот месец, поради зголемувањето на залихите за извоз, малата побарувачка за увоз и намалениот обрт во рестораните на северната хемисфера.
Месото поевтини за 2,7 проценти минатиот месец. Само делумното закрепнување на побарувачката за увоз на Кина не беше доволно за да ја ублажи состојбата.
Цените на шеќерот се намалија на најниско ниво од 13 години, намалувајќи се за 14,6 проценти во однос на март.
Цените на растителното масло паднаа за 5,2 проценти во април, поради паѓањето на палминото масло и маслото од соја, како и маслото од репка.