Десет иновации кои ја спасуваат нашата планета
Ви претставуваме десет иновации кои на човештвото му помагаат да ја спаси животната средина.
- Seabin– оваа корпа самата го собира отпадот од морињата и океаните. Корпата во неа има пумпа која создава проток на вода и го повлекува отпадот внатре. Внатре во корпата има посебна кеса која ја пропушта водата назад, а го задржува само отпадот.
- DB Exports – оваа машина ги претвора пивските шишиња во вештачки песок. Од секое шише се добиваат по 20 грама песок и помага да се зачуваат плажите.
- SaltWater Brewery – оваа компанија создаде посебна амбалажа за лименки пиво, која морските животни може да ја јадат и всушност, е хранлива за нив. Амбалажата е направена од јачмен и од пченица со цел да не ги доведува во опасност морските животни.
- Air Ink – компанијата Graviky Labs создаде мастило од загадувањето од воздухот. Поточно, отровните саѓи кои се наоѓаат во издувните гасови од автомобилите ги заловуваат и од нив прават високовалитетно црно мастило.
- Skipping Rocks Lab – оваа лабораторија направи балони наполнети со вода кои може да се јадат. Значи, наместо да купувате пластично шише со вода и да ја загадувате околината, можете да купите балони со вода и да изедете неколку за да ја изгаснете жедта. Балоните се направени од екстракти од морска трева.
- The Ocean Cleanup – овој проект создаден од џиновски цевки има за цел да го исчисти Тихиот Океан од пластичниот отпад. Цевките се прицврстени за дното на океанот, а се движат под влијание на брановите и ја ловат пластиката. Пластиката се собира во средината и потоа посебни бродови ја собираат.
- Avani – биоразградливите кеси на Avani го штитат морскиот свет и го намалуваат загадувањето во океаните. Тие се направени од корен од касава и природен скроб. Значи, безбедни се да ги изедат животните.
- Alfra SPK – е машина која рециклира гуми. Гумите ги претвора во гумени трошки кои потоа се користат за вештачка трева.
- Универзитетот Пердју создаде посебен систем за одгледување на растенија. Аквапоника е комбинација од одгледување риби и хидропоника. Како што растат рибите и се хранат, тие испуштаат отпад во водата. Таа отпадна вода потоа се користи за ѓубрење и одгледување на растенија.
- HomeBiogas 2.0 – е машина која отпадоците од храна ги претвора во биогас, кој потоа се користи за готвење. Системот е така направен за гасот да дојде директно до шпоретот во кујна. Системот собира до 6 литри отпад и во него може да се фрла речиси се. Исто така, системот може да создава и ѓубриво за растенија.
izvor-inovativnost.mk